На ден 09.07.2021 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 43 седница на која беа разгледани и усвоени 14 точки од дневниот ред. По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоена Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Вардарски плански регион. Втората точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Одлука за намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) и овластување за потпишување на Иницијален договор. Со оваа Одлука се утврдува намерата за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на Општина Демир Капија, кое ќе се оствари преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка, со цел финансирање на енергетски ефикасни активности во објекти (проекти): Проширување на уличното осветлување во Демир Капија со поставување фотоволтаичен систем за јавно осветлување. По разгледувањето на третата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за донесување на Техничка исправка на Локална урбанистичка планска документација за КП 4510, КО Демир Капија, Општина Демир Капија изработена од ДГТУ „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга д.е. Скопје. Потоа се премина четвртата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за прифаќање на донација за изградба на објекти од јавен интерес.Со оваа одлука Општина демир Капија во својство на примател ја прифаќа донацијата од правното лице Друштво за трговија и услуги КАЛТУН ЕНЕРЏИ ДОО Скопје - за изградба на објекти од јавен интерес во Општина Демир Капија. Средствата за донацијата ќе се искористат за изградба на кошаркарско игралиште во Општина Демир Капија. Донацијата ќе биде со максимален износ од 1.000.000,оо денари. Петата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Предлог - Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Демир Капија и Општина Струмица, поднесен од Градоначалникот на Општина Демир Капија, за обезбедување услуги од страна на Општина Струмица за потребите на Општина Демир Капија во областа на располагањето со градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија.По разгледувањето на шестата точка од дневниот ред беше усвоена Програмата за социјална заштита во Општина Демир Капија за 2021 година.Основни цели на оваа програма се: -Обезбедување на рационално и ефикасно задоволување на потребите и интересите на населението на општина Демир Капија во областа на социјалната заштита, во рамките на буџетските можности, -Зајакнување на соработката со релевантните институции ЦСР Неготино, АВРСМ, образовните институции во насока на намалување на социјалните и здраствените проблеми со кои се соочува населението во Општина Демир Капија, -Зајакнување на јавната свест за потребата од подршка на решавање на социјалните проблеми во општината, -Подобрување на стандардот на населението и нивото на здраствената едукација. Седмата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Решение за давање Согласност на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Јавната општинска установа за деца Детска градинка "БОРИС ТРАЈКОВСКИ" – Демир Капија. На ден 07.05.2021 година Управниот одбор на установата донел Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Јавната општинска установа за деца Детска градинка "БОРИС ТРАЈКОВСКИ" – Демир Капија бр.01-38/1 од 07.05.2021 година. На вака донесениот правилник добиено е позитивно мислење од Министерството за труд и социјална политика бр.04-3601/2 од 21.05.2021 година.Потоа се премина на осмата точка од дневниот ред на која беше донесена одлука за престанок со работа на Центарот за ран детски развој во с. Бистренци во состав на Јавната општинска установа за деца Детска градинка Борис Трајковски - Демир Капија. По разгледувањето на деветатата точка од дневниот ред беше усвоено Решението за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈКП "Бошава" од Демир Капија за периодот од 01.01.2021 година до 31.03.2021 година, усвоен од Управниот одбор на ЈКП "Бошава" Демир Капија на седницата одржана на ден 23.06.2021 година.Потоа се премина на десетата точка од дневниот ред на која беше усвоено Решението за давање согласност на Годишен план за вработување во 2022 година на ЈКП БОШАВА Демир Капија изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.Годишниот план за вработување во 2022 година е составен дел на ова решение. Директорот на ЈКП БОШАВА Демир Капија е должен по донесување на планот, да го достави на мислење до Министерството за информатичко општество и администрација. Единаесетата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот на платите на вработените во Јавното претпријатие за комунални работи "Бошава" Демир Капија.Потоа се премина на дванаесетата точка на која беше усвоено Предлог-Решението за давање согласност на Годишен план за вработување во 2022 година на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија, изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување. Годишниот план за вработување во 2021 година е составен дел на ова решение.Директорот на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија е должен по донесување на планот, да го достави на мислење до Министерството за информатичко општество и администрација. Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и Советнички прашања.

П.П.

213715424_3062395210658870_309138696915695755_n