Започна новата учебна година...

Детскиот џагор во училишниот двор преполн со ученици и првачиња се слушаше надалеку во пошироката околина. Еден куп насмеани, возбудени лица, изгубени и збунети дечиња се редеа во редици, и нестрпливо чекаа да започне првиот училишен час. Најпрво се обрати Директорката на училиштето и им посака на учениците топло добредојде, успеси во учењето и многу убави моменти поминати заедно со своите другарчиња-соученици и нивните наставници. Потоа, нашите првачиња заедно со своите родители и своите наставнички го започнаа првиот учебен час....

Драги деца, уживајте во училишните клупи, овие денови никогаш повеќе нема да се вратат назад...

п.п.