Според програмата на манифестацијата „Недела на традицијата Свети Трифун 2022“ во просториите на општина Демир Капија во тек е прибирањето на мострите за натпреварите за најдобро домашно вино и ракија кое ќе трае и во текот на утрешниот ден. Дегустацијата ќе се изврши во петок од страна на Стручната комисија составена од професионални енолози, а наградите ќе им бидат доделени на 14.02.2022 година на празникот Свети Трифун. Посебно радува фактот што има пријавено и млади учесници во натпреварите за вино и ракија. Тоа значи дека има иднина за лозарството и винарството, како и добра иднина за локалниот економски развој. Претставници од организаторот на настанот ќе извршат проверка на автентичноста на доставените мостри од вино и ракија кои ќе бидат избрани за најдобри. 273554086_1937720906431620_2835340213042378736_n 273604959_1937720709764973_6566491504051850152_n 273679303_1937720759764968_3523518818667974515_n 273683503_1937720666431644_1777755207419144075_n 273687961_1937720723098305_1369240604868358738_n