Во Демир Капија се организира голема манифестација за Св.Трифун

Oпштина Демир капија и годинава подготвува обемна и содржинбска програма за Денот на лозарите „Свети Трифун„.Уште во петок на 10 февруари ке биде подигнато фестивалско знаме а во 19 часот ке биде отворена изложба на фотографии од ископувањата на археолошките локалитети во Демир Капија (Просек, Стрезов Град, Маркова Кула и Црквиште 2015-2016 година) на археолог м-р Орданчо Петров .Во сабота ке се одржи натпреварот за најдобро домашно вино и најдобра домашна ракија,натпревароти трибината: "Производство на домашно вино и домашна ракија со примена на традиционални и иновативни технологии " .Предавачи ке бидат м-р. Андон Крстевски- директор на винарија Стоби,м-р. Борис Нечев – енолог во винарија Бовин, Елена Богева – енолог во винарија ,,Гама“.Потоа ке бидат прогласени победниците од натпреварите и доделување на благодарници и сертификати за учесниците

На 13.февруари во Кралската Винарија „Гама„ ке се одржи натпреварот за избор на најдобра трпеза со традиционални јадења, а на денот Свети Трифун , во вторник предвидено е одржување на културно уметничка програма со учество на естрадни уметници и базар на традиционални производи,закројување на винова лоза и доделување на награди на учесниците во натпреварите и настап на естрадните уметници: Блага Петреска, Јордан Митев, Виолета Томовска во придружба на оркестарот „Зајди Зајди“.Посетителите на овој настан ќе имаат можност да ги пробаат специјалитетите на готвачите од Брза Кујна Марк Де Јонг и Никола Мишковски