Со подигањето на знамињата во Демир Капија започна традиционалната манифестација посветена на Недела на традицијата Свети Трифун 2017 .

Ја организира Општина Демир Капија и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот ЦЕНЕТ .Веке се изврши земањето на за дегустациите во натпреварите за најдобро домашно вино и домашна ракија. Дегустацијата и оценувањето се изврши денеска а победниците ќе бидат прогласени на трибината во ресторанот Ловец.

16729344_1806807072905827_6463815138459185075_n.jpg

Бројни делегации на посетители од странство престојуваат во Демир Капија. Гостите од Малта, Бугарија, Полска и Унгарија , беа сведоци на натпреварот во закројување на винова лоза. Тие ги посетија Кралската винарија “Гама”, детската градинка “ Борис Трајковски“ и ООУ Димче Ангелов Габерот во Демир Капија. Се запознаа со историјата, културата и традицијата на ова парче земја крај Демиркаписката клисура и реката Вардар. Ќе ги проследат и останатите настани кои се во рамките на програмата за одбележување на верскиот празник “Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите.

16508895_1806807066239161_2935328951203377794_n.jpg

Во Музејот во Демир Капија беше отворена Изложба на фотографии насловена “Тврдини и цркви“ од истражувањата на три археолошки локалитети во демиркаписко,. На изложбата можат да погледнат четириесетина фотографии од локалитетите “Црквиште”, “Кале Стрезов град” кај село Челевец, “Маркова кула” кај Корешница, истражувани во неколку наврати во последните две години. Истражувањата се вршени со финансиски средства од Министерството за култура и поддршка од демиркаписката општина.