Натпреварот за избор на најуспешен кројач побуди голем интерес

Вчера како дел од програмата што го сочинува чествувањето на празникот Свети Трифун се одржа натпреварот во закројување на винова лоза.Силите ги одмерија најдобрите и најискусните закројувачи од општина Демир Капија. Натпреварот траеше 20 минути, а го оценуваа стручната комисија во состав од агрономите: Димо Илов, Валентина Недева и Блаже Пемов.Стручната комисија како највешти закројувачи ги прогласи :Првопласиран Трајче Јованов,второпласиран Стојанчо Богдановиќ и третопласиран Блажо Мицев.