Занаетчиите од село Ваташа

По сугестија на наши читатели објавуваме фотографија од , занаетчии од село Ваташа.Инаку во ова село занаетчиството било многу развиени во текот на целиот 19 и 20 век.Во дуќаните и работилниците кои се наоѓале на главна улица во селото се правеле разни производи , неопходни за животво тоа време.

На овој фотос се гледаат: Јордан Аризанов-ѕидар, Пено Илиев Футот-ѕидар, Пено Лелов-Ѕидар, Ѓоре Ангелов-ковач, Илфијадо Мицев- фурнаџија, Желез Пендев-касап, Јано Арсов-бербер и Ристо Ѓорев-земјоделец.

Фотографијата е многу ретка , а е направена во 1908 година, од еден патувачки фотограф од Битола.

Музеј Галерија

Петре Камчевски