Со промената на ПВЦ Столаријата, покривот и фасадата станарите ке заштедат електрична енергија и други трошоци

Хабидат, УСАИД, Локалната самоуправа и советот на Општина Кавадарци заедно со станарите на најстарата зградата во Кавадарци на улица,,Пано Мударов“ успејаа да го релизираатво проектот за комплетна енергетска заштита.Се работи за објкет изграден 60-сетите години од минатиит век, кој беше во фаза на распаѓање.

Изведувачот на работите, фирмата ,,Фасада –ПА“ од Вевчани за неколку месеци успеа термички ја оспособи зградата и на тој начин да се реализира желбата на сите стаанари да ги намалат трошоците за греење и ладење, а истовремено да изведат нов покрив .постави ПВЦ столарија .На тој начин подобрена е звучната излолација и продолжерн векот на објектот во кој живеат за повеке децении.

IMG_20150916_120207.jpg

Градоначалникот Александар Панов кој денеска имаше средба со станарите заедно со преставниците на ,, Хабидат,, речедека во Кавадарци ова е прва зграда која во Кавадарци се изведува со финасирање од Локалната самоуправа со 20 насто од средствата ,со услови за кредитирање .Тоа што беше заложба е имплементирано.Овој позитивен пример предизвика интерес за промена на термофасадата на уште две згради а има интерес за уште една трет објект,каде ке се менува фасадата, ПВЦ столаријата и покривот.Кавадарци е на добар пат во наредниот период, посебно да се интервенира на зградите во или околу центарот,посебно за изведба на термо фасада вели Панов.

Инаку ова е еден позиотивен пример и најверојатно ке се мултиплицира на граѓаните од другите згради на главните улици, а Локалната смаоуправа и понатаму ке стои како донатор со учество од 20 насто од вкупната инвестиција а можеби и повеке во зависност оид интересот на наите сограѓани.

IMG_20150916_120046.jpg

Зоран Костов-дирекор на „Хабидат“ оценува дека е направена добра работа.Чиститки за Гардоначалникот и Советот на Општината за почитувањето на европските вредности во станувањето, кои се најкомплексни за решавање.Ова го базирам на податокот дека е потребна согласност на многу субјекти, за да се пристапи кон реализација.Во Кавадарци имаше сенс и слух од сите страни но и од партнерите УСАИД, Локалната самоупреава , „Хабидат „и станарите, кои успејаа зградата да ја направат енергетски ефикасна.

Тошо Јосков од името на станарите им се заблагодари на Советот и градоначалникот на Општина Кавадарци кои на станарите им овозможија подобри услови за живеење;нов покрив, нова ПВЦ Столарија и нова фасада.

М.Димитров