МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

На улицата „Страшо Пинџур„ кај т.н. Ваташки згради оштетени се канделабри за улична расвета

Синоќа, засега непознати лица ,извршиле оштетување и кражба на главен доводен кабел и оштетување на подземен кабел за истата намена,улична расвета во Урбаната зедница„ Слога“, кај Народната кујна во непосреднна близина т.н. Ваташки згради.Се работи за намера на засега непознатите лица, кои имале цел кражба на баркарен кабел со тежина од околу 1 килограм при што е направена голема материјална штета, а до санирањето подрачјето ке остане без струја навечер.

Сега, Локалната самоуправа ке извршени интервенција и уличните светички поворно ке бидат ставени во фунција, но со надземни водови, со што ке биде нагрден овој реон околу т.н. Ваташки згради .Интервенцијата ке се изврши на 5 канделабри каде се направени видливи оштетувања кои и биле причина за нивно исфрлање од работа.

Ова , велат жителите кои живеат во околината, не е прва и единствена кражба.Досега се забележани повеке насилни влегувања и штети особено во гаражите и другите стамбени објекти во овој дел на градот лево од улицата „Страшо Пинџур„ каде крадците „оперирале“ особено во ноќните часови.

Ова кражба и оштетување на уличната расвета е пријавена кај надлежните служби.