Занаетчиите од Црквинската улица
Занаетите во старите, не така дамнешни времиња цветале.Секој занает опстојувал благодарејки на домаќинското и чесно работење.НаЦрквинската улица, денес Мито Хаџи Василев-Јасмин занаетчиски дуќани имале повеке кавадречки фамилии.Денеска можете да ја погледнете фотографијата со ковачите, браќата Киро и Ило Илиеви со калфите и фурнаџијата Тодор Зафиров пред ковачкиот дуќан на Илиеви 1958 година
Митинг 1950 година на Градскиот плоштад
Овој митинг е одржан на 29 ноември 1950 година. Ваквите митинзи вообичаено се одржувале на Плоштадот во Кавадарци по повод значајни дати и јубилеи од историјата на поранешната држава СФРЈ.
oд фототeката на Музеј Галеријата