Чествувањето се одржа пред нивниот споменик на влезот во Градскиот парк во Кавадарци

Денеска пред споменикот на двајцата прекалени народни херои Димче Мирчев и Киро Крстев кој загинаа во борбата со бугарскиот окупатор 1944 година при обид за пробивање на нивниот обрач, граѓаните и борците ја одбелжаа годишнината од нивното загинување .Претставници на Урбаната заедница „Киро Крстев“,Советот на Општината,Сојузот на Борци и други граѓани положија цвеќиња пред споменикот.Ученици од хорот на Основното училиште „Тошо Велков Пепето“ ја исполнија македонската химна а за настанот пред 73 години ученици од истото училиште преку рецитал не потсетија за херојството а Димче и Киро.

Потооа историски час одржа Марија Михова,кустос- историчар во Мизеј галеријата при што говореше за животните патишта на Димче Мирчев од Велес и Киро Крстев од Кавадарци состојбата која му претходеше на убиството и херојското дело на двајцата млади борци.

- Како искусни борци и партиски раководители добија задача во Кавадарци да подготват нови младинци и симпатизери на Народноослободителното движење за излегување во партизанските единици. Пред 73 години во куќата на Иге Златев биле одржани неколку состаноци, средби и договори, бидејќи се подготвувало заминување на поголема група младинци во партизани. Во екот на тие подготовки, пред се поради големата желба и ентузијазам, попушта будноста кај младите борци. Бугарскиот фашистички окупатор успева да ја открие куќата каде престојувале Киро и Димче и во нерамна борба при обид за нивно бегство од обрачот ги убива,рече меѓу другото Михова.

(обраќање на Марија Михова )