МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Квартален извештај за извршување на буџетот-политички препукувања

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска расправата за Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на Општината за 2017-Прв квартал со искористија за меѓусебни препукувања за тоа кој што (не)направил за Општината изминатиот период.Актуелната состојба во државата се пренесе и на говорницата на Собранието со меѓусебни обвинувања на политичките опоненти.Претседателката на Советот Горица Пеливанова-Вилхелм поради повекето такви дискусии и репликите со контрареплики, мораше да ја прекине седницата и да даде пауза со цел да се насочат дискусиите кон конкретна расправа за општинските прашања и проблеми.

Инаку преставниците на власта го подржаа Каврталниот извештај за остварувањето на буџетот, а опозицијата предводена од СДСМ ,како и во други дискусии по слични расправи, не дадоа зелено светло за остварувањетои на буџетот односно трошењето на срества за таа намена.

Останатите материјали на денешната седница се однесуваа на Предлог одлуки за утврдување на потребата за донесување на нова урбанистичка планска документација на објекти надвор од плански опфат и бесправни објекти со намени на земјиштето,потоа предлог одлуки за утврдување на закуп на недвижни ствари, а најголем дел од точките на дневен ред се однесуваа на одобрување на финасиски средства за разни намени по барање на урбани, месни заедници, вески објекти, и поединци.

Инаку до крајот на работата на овој состав на Сoветот предвидено е одржување на уште една седница .