Здружението е благодарно за сите кои помогнаа „Алшар 2017“ да успее

Во Стрит бар во адреналинска атмосвера, раководството на Здружението„Тиквешки Точакџии“ само на нивен својствен начин, се заблагодарија за помагателите, спонзорите и сите компании, здруженија и поединци кои на било кој начин помогнаа големата Манифестација „Алшр 2017„- да успее. Таа стана една од најголемите кај нас и во Македонија пред се поради беспрекорната организација на кавадарчани и учеството на велосипедистите ,спортистите-аматери, моторџиите,планинарите, обичните граѓани...Сите помогнаа но сепак организаторот на почетокот им додели благодарници на:Компанијата Кожувчанка,Локалната самоуправа Кавадарци,Инел-Интернационал,Дрекслмајер,Витаминка,Слога,Техногума,Еуросиг,Ангропромет-Тиквешанка,ВС-ГД,Фукс, и стотина други : бутици, ресторани,фирми,месарници,и поединци кои несебично се одзваа на повикот за учество во подготовката на настанот кој ке остане запаметен од сите. (Видео прилог).