Одделението за превенција при ПС од ОН Кавадарци делеше флаери со едукатицна содржина „Да ја заштитиме шумата од пожар„.

На регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб, денеска припадници на Полициската станица од Општа надлежност Кавадрци-одделение за превентивни работи спроведе уште една акција за делење на едукативни флаери за заштита од пожари.

0910909090988776.jpg.jpg

Се работи за втора активност од ваков тип која доаѓа по анализата која ја направи Советодавната група на граѓани за случените пожари на отворено, минатата година. Денеска беа запирени околу 50 возила при што на возачите им беа поделени и наменски флаери со едукативна содржина. Сите што беа запрени денеска главно се упатуваа на подрачјето на селата или стопанските субјекти во Поткожувскте села.Ова подрајче е главно шумовито и постојат можности да се случат шумски пожари .Оттаму вниманието кое треба да го имаат сите кои престојуваат овде.

01003398878776.jpg.jpg

„Да ја заштитиме шумата од пожар„ е основната порака на флаерите во кои се наведува потребата од наше брзо реагирање кога ке се иницира мал пожар.Ако веднаш се интервенира пожарот може да се изгасне и со чаша вода, а ако не се направи тоа, и тони вода ке бидат малку да се изгасне огнената стихија. Битно при пожар веднаш да се повикаат броевите 193 или 195, правилно да се оцени видот на пожарот, и ако е можно веднаш да се пристапи кон гаснење ако пожарот е мал.