МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Демант на прес конференцијата на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

„Целосно ги демантираме тврдењата на претседателката на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Горица Пеливанова Вилхелм, дека Министерството за труд и социјална политика ја кочи изградбата на новата детска градинка во Кавадарци. Овој прес на Пеливанова-Вилхелм е една груба манипулација со родителите и со граѓаните на Кавадарци.

Министерството за труд и социјална политика во ниту еден сегмент не ја кочи изградбата на градинката туку дава целосна подршка за нејзината изградба.

Одоговор на тоа зошто градинката сеуште не е почната со градба, Пеливанова треба да побара од нејзиниот сопартиец, градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, под чија надлежност е изградбата на градинката.

Исто така, најдобронамерно ги советуваме, барем еднаш да почнат да делуваат како сериозна партија, да ги надминат личните суети и да почнат да настапуваат координирано во јавноста.

Воедно, во оваа прилика сакаме да реагираме и на изјавата на градоначалникот Панов во интервјуто за Кав’даречки весник, дека централната власт го кочи во неговата работа. Таквото тврдење е целосно неточно, и е само изговор за неговата неспособност и за нереализирањето на предизборните ветувања. Големите ветувања на Панов, на 8 години мандат и со преку 80 милиони евра вкупен општински буџет, се сведоа на само еден изграден кружен тек. Се друго е само во најава, а досега требаше да биде барем 80% завршено.

За крај, сакаме да ги охрабриме граѓаните на Кавадарци, дека деновите на ваквите корумпирани и неспособни политичари како Панов и Пеливанова Вилхелм се одбројани и дека наскоро Кавадарци ќе добие нова одговорна локална власт, каде интересите на граѓаните ќе бидат во преден план„се вели во денешното соопштение на ОО на СДСМ-Кавадарци.