Штети во лозјата поради горештините се регистрирани во Тиквешко како најголем лозарски регион во Македонија

За ова информираше денеска Благоја Мишковски, долгогодишен професор по стручни предмети во земјоделско шумарското училиште “Ѓорче Петров” од Кавадарци.

-Од јаката инсолација и високиот УВ- индекс и тоа само од западната страна. Ова е особено изразено кај лозјата на суво, а зависи и од сортата. На пример десертното грозје од сортата “викторија” е многу отпорна на сончев прегор, а трпезното “мишел” е најосетливо и се што се гледа надвор од листовите, изгорува сосе дршка, рече професорот.

Според него, постојат неколку мерки во ваква ситуација.

-Да не се лачат лозјата од страната на залезот на сонцето и поливање на лозјата пред да настапе топлотниот бран. Инаку белите вински сорти не треба да се лачат воопшто за виното да има зеленкасто- жолта боја која е на цена, а не да има интензивна жолта боја, нагласи тој.