Берба на грозје на лозјето на Илија Шкартов.

Ведри и насмеани лица.На лозје,берба 1934 година ,Кавадарци,на лозјето на Илија Шкартов.Тој бил фотограф, еден од најстарите во Кавадарци, кај него занает учел и мајстор Ќендо.

Забележана е берба на грозје,која очигледно била во далеку порелаксирана атмосфера иако и бербата и лозите биле примитивни, но лозарите немале проблеми за тоа каде ке се предаде грозјето и дали ке биде платено.Се што се берело се носело дома и се правело вино , ракија, маџун, слатко од грозје и др.

Од фототеката на Музеј-галерија.

21616240_306919826442659_45025788715931467_n.jpg

На втората фотографија е дедото на Петре Камчевски-директор на Музеј Галеријата , чичко на мајкаму.Заедно со брат му Петре биле вистински земјоделци. Имале многу земја на која одгледуваа афион, пченица, памук, анасон, бостан и доста лозја. На фотографијата е сликан дедо му Крсте со запрежната кола полна со кошови грозје од лозјето кај месноста “Белград“.

Фотографијата е од 1953 година.