Општина Кавадрци ги информира граѓаните на Кавадарци и регионот дека, традиционалниот „Есенски панаѓур 2017“ ќе се одржи во деновите 6, 7 и 8 Октомври (петок, сабота и недела) во Кавадарци.

Локацијата останува непроменета. Штандовите на излагачите на панаѓурот ќе бидат поставени на булеварот „Никола Минчев“ поранешен „Едвард Кардељ“ на потегот од кружниот тек кај новата автобуска станица, до спојот со регионалниот пат „Северен Булевар“-обиколница.

Се известуваат жителите на булеварот „Никола Минчев“ на ден 05.10.2017 година најдоцна до 12:00 часот да ги отстранат своите автомобили од улиците како би го ослободиле просторот за поставување на тезгите на излагачите на есенскиот Панаѓур 2017год.

Воедно се известуваат сите граѓани дека булеварот „Никола Минчев“ („Едвард Кардељ“) како и булеварот „Македонија“ од спојот со ул. „Орце Николов“ до булеварот „Цветан Димов“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај, во деновите на одржувањето на есенскиот панаѓур.