МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Засега се работи на локалниот пат до село Дреново а потоа се поминува на патот Ресава Бегниште

„Во моментот на патот Кавадарци - Дреново се врши ископ на канавки и се раслистуваат сливниците. Оваа акција е донација од ЈА-МИ сестра фирма на Кожувчанка, багерот е на располагање од 10 до 12 дена. По завршувањето на работата на овој пат истата работа продолжува на патот Ресава - Бегниште.“ се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалникот.

Значи се работи за обемна, и редовна ,за овој период комунална активност, со цел да се обезбеди подобар одвод на водата од локалните патишта во Општината со цел побезбеден сообраќај.Ова комунална активност ја изведува Ја-Ми сестра фирма на Кожувчанка со сопствен багер.Покрај на ископот на канавките за одвод се работи и на чистење на самите сливници преку кој се врши одвод на отпадната вода.Засега механизацијата е насочена кон завршување на околу 5 километри од локалниот пат до село Дреново а потоа ,како што најавуваат од Кабинетот на градоначалникот се продолжува на локалниот пат Ресава – Бегниште.