Пет возила се извртиле од патот утринава поради голомразица на територија што ја покрива СВР Велес, потврди Верољуб Додевски, портпарол во МВР.

Три возила биле извртени на мостот кај Стоби на автопатот од Неготино кон Велес. Тројца патници се здобиле со лесни повреди и биле пренесени во Здравствен дом Неготино.

Едно возило се извртело после патарината Градско, на автопатот

кон Велес, при што била причинета материјална штета, а друго на патот од Кавадарци кон Неготино.

Додевски апелира на внимателно возење, посебно во утринските часови кога има појава на голомразица и особено на мостови.