Честитка по повод големиот христијански празник Божиќ од Градоначалникот Митко Јанчев.

"Почитувани граѓани,

На овој голем ден го славиме животот. На овој голем ден душите ни се исполнуваат со спокој и мир. Овој празник на светлината и животот нека донесе радост кај сите православни верници. Семејствата да останат заедно во почит и разбирање. Да продолжиме безусловно да шириме љубов, безрезервно да помогнеме таму каде што нашата поддршка и помош значи многу.Божиќ е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот. Денот на Исусовото раѓање не учи на вредноста на животот, ова е ден кој ни дава сила, ден во кој се радуваме и го почитуваме ближниот свој.

Нека е честит празникот,за многу години.

Христос се роди."