Во петок, 26.јануаруи 2018 година во 17 часот по иницијатива на група лозаропроизводители и градоначалникот Митко Јанчев се организира трибина за формирање ново здружение на лозаропроизводители.

Трибината е закажана да се одржи во Дом на култура Иван Мазов Климе. Ќе биде присутен Градоначалникот Митко Јанчев, претставници од винарските визби, пратениците од Кавадарци и лозаропрозиводители.

Оваа трибина има за цел отворено да се разговара за сите проблеми со кои се соочуваат земјоделците стовремено да добијат и ново Здружение кое ќе функционира поефикасно и кое ќе ги застапува нивните права.Организаторот ги поканува сите кои сакаат да присуствуваат на оваа трибина.