На дневен ред се наоѓаат повеќе материјали.

Наведуваме неколку :Предлог-Одлука за давање согласност за Спогодбено раскинување на Договор за јавно приватно партнерство (концесија) за реконструкција,модернизација и одржување на јавното осветлување во Општина Кавадарци со арх.бр.03-713/8 од 27.06.2012 (на Општина Кавадарци) и арх.бр.03-81/1 од 27.06.2012 година (на ДПТУ ДООЕЛ увоз-извоз КМГ ЕОЛ КВАЗАР Скопје);Предлог-Одлука за давање Согласност за отпочнување постапка за престанок на Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на услуги на паркирање во Општина Кавадарци кое се остварува како концесија за јавна услуга со арх.бр.21-2357/59 од 16.06.2017 година (на Општина Кавадарци);.Предлог-Одлука за давање согласност на Договори за примање донација услуга за остварување на јавен интерес-реализирање на проект,,За чисто и убаво Кавадарци,,чистење на Градот Кавадарци, чистење на речното корито,чистење на диви депонии;Предлог-Одлука за давање согласност за Договор за примање на донација- движни ствари за остварување на јавен интерес(метална порта);Предлог-Одлука за примање и давање донација за остварување на јавен интерес,унапредување,промоција и поддршка на дејностите од јавен интерес од областа на заштита на животната средина и развојот на граганското општество (метларки);Предлог-Одлука за одобрување на набавка на основни средства(инвалидски колички); и други материјали.Седницата започнува во 12 часот.