ФЕНИ Индустри заедно со ЕуроНикел влегува во нова фаза каде почнува да се насочува кон перспективна и извесна иднина.Соопштение на ЕуроНикел:

ЕуроНикел и нејзината матична компанија,ГСОЛ достигнаа значајна пресвртница со осигурените и необезбедени кредитори на ФЕНИ во стечај. Договорите се потпишани и направени се првите исплати, додека последните преостанати доверители се во процес на поднесување на нивните барања до ЕуроНикел.

Откакo ЕуроНикелги рестартираше производните капацитети и успешно започна со производството во фабриката, сега презема стратешки, долгорочни, инвестициски чекори за стабилноста, растот и развојот на компанијата. Со ова, ЕуроНикел продолжува на патот кон побрз излез на ФЕНИ од стечајот преку организирано реструктуирање.

„Задоволни сме што го потпишавме договорот со банките и другите доверители, со што се потврдува нашата посветеност и сериозни и долгорочни планови како инвеститор во комбинатот. Досега подготвивме повеќе од сто договори со доверителите, а со останатите секојдневносме во комуникација, со цел да ги забрзаме нивните исплати. Нашиот главен приоритет е комплетирање на побарувањата на кредиторите и излезот на ФЕНИ од стечајниот процес", изјави Герасим Кујунџиев, македонски директор на ЕуроНикел.

Целта на ГСОЛ и ЕуроНикел е да се искористат сите знаења и експертиза, што ги поседуваат како признаен и искусен инвеститор во металната индустрија, како и со финансиските ресурси и оперативниот капацитет, да го потврдат статусот на ФЕНИ како стратешки производител во земјата и како лидер во индустријата на фероникел во Европа и пошироко.

„Со посветеност и одлучувачки чекори, ги поддржавме нашите намери да создадеме ветувачка и светла иднина за ФЕНИ Индустри. Секој чекор што ЕуроНикел го презеде досега е во оваа насока. Со депонирање на средства кај банките кредитори, плаќање на доверителите на ФЕНИ, вклучувајќи ги и необезбедените, решавање на проблемот со транспортерите, како и обезбедување плата на вработените и ресурси за отпочнување со производство, ги демонстриравме нашите јасни и недвосмислени намери за ФЕНИ Индустри", рече МаркосКамхис, директор на ГСОЛ, матичната компанија на ЕуроНикел.

Сите овие активности се дел од заедничките напори на ЕуроНикел, заедно со сите вработени и партнери, за градење и развивање добри и заемно продуктивни односи во корист на сите засегнати страни и пошироката заедница.

Формиран во 2009 година, ГСОЛ е фокусиран на работа со природни ресурси и посебни основни метали. ГСОЛ има одлични и докажани резултати на глобално ниво, при обликување и работа со фероникел. Во август 2015 година, ГСОЛ презеде целосно интегрирана компанија, од GlencoreFalconbridge Доминикана, која работи со производство на фероникел во Доминиканската Република.