Во среда на 21 март ке се одржи првата седница од ваков тип во новиот состав на Советот.

Седницата на Советот на Општина Кавадарци ќе се одржи во Големата сала на Општина Кавадарци.

На дневен ред се :Пријавата на интерес за продажба на побарување на Општина Кавадарци од стечаен должник Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци во стечај ,Пријава на интерес за продажба на побарување на ЈП,,Комуналец,, Кавадарци од стечаен должник Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци во стечај и ,Барање од ИГМ ТРЕЈД Илија и др.ДОО Кавадарци бр.101/ИГ од 26.01.2018 година.