НА КАВАДАРЕЧКА СВАДБА ДАРУВАНИ 19 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО СКОПСКО

Неофицијално дознаваме дека присутните сватови на една кавадаречка свадба,доброволно деновиве даруваа 19.000 денари .

Младенците кои ја правеле свадбата поставиле кутии за доброволно дарување пари за настраданите во поплавите во месец август во Македонија.Кога младенците денеска ја отвориле кутијата пребројале 19.000 денари.Сами потоа отишле и ги уплатитиле парите на посебната жиро сметка на Фондот за солидарност во Тутунска банка.

Наместо цвеке гостите-сватови ставале пари во кутиујата и така денар по денар собрале одлична сума.Ова е вистински пример како може и кога човек се весели да биде хуман и истовремено некому да помогне.Браво за идејата на кавадаречките младенци, но и на дарежливите сватови.