МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

И кај нас започнува процес на селекција на отпадот.ЈП„Комуналец„ го организира сортирањето на отпадот, за сметка на Општина Кавадарци-која започнува значаен проект за решавање и стопанисување со отпадот.На потег се граѓаните.

KONTEJNERI_1.jpg

ЈП Kомуналец-со 45 контејнери,започнува сериозно да го решава прашањето со отпадот и негово рециклирање.Општина Кавадарци-Локална самоуправа – денеска во владение им ја доверува донацијата од 45 посебни пластични контејнери на „Пако мак“-претпријатие за трговија и складирање со отпад-водечно во ова свера во државата, на ЈП„Комуналец„ –Кавадарци.Тоа значи граѓаните наместо како досега во еден контејнер , за отпад ке можат ,стаклото, хартијата и пластика и лименките да се депонираат во посебни контејнери.Истите, за почеток ке ги празни „Пакомак“ , а потоа ова операција ке ја обавува самостојно „Комуналец„-Кавадарци.Целта е суровината , во догледно време,овде во Кавадарци, да се рециклира ,и како таква биде предадена на фирмите кои вршат процес на повторна употреба на отпадот.

TRAKTOR.jpg

Денеска официјално Општина Кавадарци претставувана од градоначалникот Митко Јанчев му ја предаде донацијата (45 контејнери), на генералниот директор на ЈП„Комуналец„- Ѓорѓи Поп Ицов.