Во Музеј галеријата беше отворена изложба на печати од времето на отоманскиот период

Се работи за редок вид на печати за кои многу малку јавноста знае, а Музејот на град Битола, се погрижил да ги собере и соодветно класифицира и презентура на јавноста.

Печатите сведочат за високиот степен на развиеност на општествените и економските односи и се извор на економското и културно ниво на тогашната Отоманска империја .Печатите имале широка примена на сите полиња особено за функционрање на економијата и правниот поредок.Тие на ова изложба се стари од пред 100 и повеке години и имаат своја уметничка вредност.Автор на изложбата е д-р Александар Литовски, а на изложбата говореа и директорката на Музеј Битола Мери Стојанова и в.д. директорката на Музеј галеријата Кавадарци Весна Ѓорѓиева.

31441367_163160301184240_4894768429598244864_n.jpg

31376086_163160047850932_4706261374378967040_n.jpg

31300404_163159907850946_1153300758809018368_n.jpg