СРЕДСТВАТА ОД СЛИКИТЕ НА КОЛОНИЈАТА„КАВАДАРЦИ МИХАЈЛОВО 2016“- НАМЕНЕТИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ

Во Домот на култура “Иван Мазов- Климе” синоќа беше затворена ликовната колонија “Кавадарци- Михајлово 2016”, со изложба на уметничките дела насликани во рамките на традиционалната манифестација. Седумдесет ликовни уметници од неколку земји изминатите неколку дена работеа во хотелот “Уни Палас 2” и создадоа 160 дела. -Средствата од продажбата на сликите насликани во рамките на колонијата, ќе бидат донирани за поплавените семејства од невремето кое беше на почетокот на овој месец во скопско и тетовско, соопшти пред присутните Владимир Темков, директор на домот на културата.

14212841_1049373858465022_5449834957540918486_n.jpg

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов се заблагодари на уметниците кои сликаа и компаниите кои ја помогнаа колонијата, но и на сите хумани луѓе кои со купување на уметничко дело, помагаат за настраданите.

-За надминување на последиците од елементарната непогода се потрудија многу екипи и хумани граѓани од Кавадарци кои им помагаа на семејствата кои настрадаа од поплавата. На располагање таму беше и механизација од нашето комунално претпријатие, нагласи градоначалникот при што посака настраданите семејства што побрзо да се опорават.