Денеска во СОЗШУ“Ѓорче Петров„ беше потпишан договор со АД Винарска визба “Тиквеш“ за соработка.

Се работи за договор за долгрочна научна,техничка, образовна и апликативна соработка меѓу Винарската визба Тиквеш и училиштето во Кавадарци.Конкретно се ствараат можности за остварување на заднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер,соработка во едукативните процеси преку ангажирање на стручни лица од практикатата за реализација на учење преку работа.

Организирањето на практичната настава за учениците од СОЗШУ„ Ѓорче Петров“ е во зависност од расположивите можности.Предвидено е и стипендирење на ученици кои се истакнуваат во наставата и кои имаат афинитет во лозарството и винарството.

Договорот го потпишаа директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров„- Горан Велковски и Душан Вукиќевиќ- директор на Винарската Визба “Тиквеш„.

33767866_10212547026691208_2323805056366804992_n.jpg