СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ 31.08.2016

Последната седница на Советот на Општина Кавадарци во месец август, донесе расправа по низа важни прашања од животот во градот и општината.

Советниците пред сите ја донесоа одлуката за доделување на највисокото признание на Општината, наградата 7-ми Септември на ликовниот уметник од Кавадарци Глигор Чемерски-посмртно, потоа на д-р Бранко Поповски - началник на Гинеколошко-акушерско одделение во Општа Болница Кавадарци и на долгогодишниот стручњак во стрелаштвото Благој Пешиќ од Кавадарци. На споменатите наши сограѓани, наградите ке им бидат врачени лично или на нивни блиски од семејството на свечената седница на Советот на Општина Кавадрци која е закажана на 7 Септември годинава.

Денеска беше усвоен Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година втор Квартал,при што беше нагласено дека приходната ставка во овој период изнесува нешто над 280 милиони денари што е 32% остварување на планираното. Буџетските приходи се остваруваат со процент од 23%, наменските дотации со 50% а самофинасирањето со 44%.

Расходите пак во периодот од 1 јануари до 30 јуни изнесуваат нешто над 246 милиони денари што е 32% од планираното.

Видео репортажа:

https://youtu.be/AQT03p3cuHc