За овој месец од Локалната самоуправа Кавадарци и кабинетит на градоначалникот Митко Јанчев најавувааат започнување на неколку проекти кои се од големо значење за Општина Кавадарци.

Во понеделник започнува реконструкција на Западен булевар и негово проширување. Овој проект е во вредност од еден милион евра, освен Општина Кавадарци како финасиер се јавува и Агенција за патишта. Проектот се очекува да заврши на крај од месец ноември.

Кон крајот на месец јуни, започнува изградба на нов мост во с.Ваташа. Се работи за последниот ваташки мост кој ќе добие целосно нов изглед. Новиот мост во целост ќе го промени текот на сообраќајот и безбедноста на граѓаните. Овој проект е во вредност од 25 милиони денари и истиот се очекува да заврши до октомври месец.

Спортската сала Партизан исто така ќе се реконструира. На оваа локација активностите ќе започнат во месец јули и се очекува да завршат до месец ноември. За овој зафат Општина Кавадарци од својот буџет ќе одвои 6 милони денари.

Спортскиот Центар Јасмин, веќе одамна почна да се средува и сакаме да создадеме една целосна слика за тоа како треба да изгледа еден спортски комплекс. На самиот почеток на месец јули ќе почне да се поставува трим патека и оваа активност се очекува да се заврши до 15 јули. Поставувањето на трим патеката изнесува 4 милиони денари. Во склоп на оваа активност исто така и комплетно ќе се оградува целиот спортски центар. За оградувањето од буџетот на Општина Кавадарци ќе се издвојат 3 милиони денари.

Просториите на Против Пожарната Единица на Општина Кавадарци веќе добија нов лик и на тој објект се извршија поголеми интервенции. Следен чекор за целосно современ изглед на овој простор е доградбата на 5 современи гаража кои ќе ги исполнуваат сите услови за чување на возилата на противпожарната единица. Овој проект изнесува 6 милиони денари ќе започне во јули месец а се очекува да заврши во месец октомври.