- Собранието на доверители на ФЕНИ Индустри убедливо гласаше за планот за реорганизација на ГСОЛ/ ЕуроНикел.

Од денеска започнува реорганизација на ФЕНИ Индустри. Мрачното минато на корупцијата и неплатените работници и доверители е официјално завршено. Започна нова светла иднина. Собранието на доверители го прифати и одобри со огромно мнозинство планот за реорганизација поднесен од ГСОЛ / ЕуроНикел.

„Денеска е навистина голем ден за ФЕНИ затоа што дојде до кулминација на процесот што траеше многу месеци. Од првиот ден откако дојдовме во Македонија, кажавме само една работа, дека наша цел е ФЕНИ да стане најуспешен производител на фероникел во Европа. Денеска е ден за славење, денеска го добивме процесот, денеска е голема победа, за вработените, за иднината на фирмата, за сите. Сакам да им се заблагодарам на вработените на ФЕНИ затоа што го поддржуваа ФЕНИ секој ден низ процесот и затоа што работат со нас како инвеститор, како и на целата земјата што нè поддржуваа во намерата да ја спасиме оваа компанија и да создадеме светла иднина за ФЕНИ и за сите нас“, изјави МаркосКамхис, директор на ГСОЛ.

Реорганизацијата става крај на неизвесното и лошо управување во минатото и го отвора патот за големи инвестиции, од кои 15 до 20 милиони евра само за реконструкција на втората печка, што ќе придонесе за зголемување на производните капацитети и норми на 19.000 до 21.000 тони никел годишно, како и дополнителни инвестиции во развојот на техничко-технолошки капацитети со цел зголемување на производството. Сето ова ќе доведе до нови вработувања, кои веќе започнаа, зголемување на платите на вработените и дополнителни стимулации.

ГСОЛ, како глобална компанија која е позната и ценета на пазарот на фероникел, има сопствени рударски капацитети и извори за висококвалитетна руда и репро материјали, што ќе обезбеди дополнителен придонес за зголемување на оперативноста на ФЕНИ Индустри.

ГСОЛ/ ЕуроНикел досега инвестираше повеќе од 80 милиони евра во ФЕНИ и многу пати ги потврди своите намери за иднината на фабриката. Инвестицијата од ГСОЛ започна со договорот за производство на никел, со кој се рестартираше производството. Оттогаш досега се произведени повеќе од 2.500 тони никел, продолжува извозот, а се ангажирани 200 локални компании кои превезуваат од пристаништето Солун и Албанија. Увезени се над 200.000 тони руди од меѓународни рудници на ГСОЛ.

Ова обезбеди доволно ресурси и технички потенцијал за континуирано производство. Во меѓувреме, платите на вработените кои вклучуваат бонуси, од просечни 23.000 денари, се зголемени на 27.000 денари и со понатамошен растечки тренд што следи по зголемувањето на производството.

Сите овие позитивни промени досега и оние што следат ќе го вратат ФЕНИ на листата од најголемите преработувачи на фероникел и за повеќе од 800 вработени значат стабилна иднина и сигурно постоење. Повтореното континуирано и непречено работење на комбинатот ќе придонесе за позитивни промени во целиот кавадаречки регион во насока на поттикнување на локалната економија со ангажманот на повеќе од 200 компании, блиски соработници на ФЕНИ, а ќе придонесе и воопшто за позитивни економски показатели на државно ниво.

Билјана Тошевски-Канал 77