МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Tркалезна маса на Вардарски плански регион

Центарот за развој на Вардарски плански регион, во рамки на проектот „Унапредување на општинското владеење“, кој што е финансиран од Европска Унија, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, во соработка со Министерство за локална самоуправа и Министерство за финансии, организираше тркалезна маса која беше одржана во хотел „Романтик“ Велес.

Целта на оваа тркалезна маса е да се презентираат клучните цели на грантовата шема во рамки на овој проект, како и да се рангираат 3 најприоритетни проектни предлози на регионално ниво, кои што подоцна ќе се презентираат до Советот за развој на Вардарски плански регион, при што еден од нив ќе биде финансиски поддржан и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.