МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Oпштината продолжува со уредувањето на просторот, од каде претходно беа отстранети лимените гаражи

Фирмата „ЗД Горан“ преку својата оператива работи на реализацијата на комуналниот проект за оградување на кошаркарскиот терен зад зградите на булеварот „Кочо Рацин“.

Станува збор за проект на општина Кавадарци согласно кој кошаркарското игралиште ќе биде оградено и оспособено за рекреација на жителите пред се младите од оваа урбана населбa.Со овој проект Oпштината продолжува со уредувањето на просторот, од каде претходно беа отстранети лимените гаражи, потоа се прошири и асфалтира паркингот, а се изврши и хорти културно уредување на запуштените зелени површини.Оградувањето на теренот за улична кошарка е продолжение на проектот на општината за урбано уредување на овој простор наменет за одмор и рекрација на граѓаните.