Градоначалнокот Митко Јанчев попладнево имаше средба со граѓаните на УЗ"Слога".

Заедно со службите на ЛС и ЈП Комуналец беа сублимирани барањата и потребите на граѓаните и во зависност од ургентноста,Јанчев им ветуваше завршување или отпочнување на решавање, или планирање за 2019 година-главно на комунални прашања за изградба на улици,канализација ,водовод или осветлување.

Jaнчев на лице место се запозна со барањата на жителите на „Слога„ а во предлозите за 2019 година Советеот на УЗ „Слога„ ги наведе: Изградба на пешачка патека по Желков дол, изградба на улица над Западен булевар,изведби на канализизациони мрежи на неколку локации,тротоар на „Авала“, замена на азбестни цефки за вода на „Авала“и „Феруарски поход“,осветлување на дворот на Детската градинка,потпорен зид на „11 Бригада“,реконструкција на кружниот тек кај„Минекс“,уредување на паркчето на ул „Беласица“,чистење на атмосферските сливници и други барања кои беа предложени за наредната година.

43190271_2157037464340361_8032197908537278464_n.jpg43142966_2157037324340375_8825424380369567744_n.jpg