МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Печалбарска фотографија.

Печалбари во Америка оделе уште од крајот на 19 век, подоцна а најмногу сега. На сликата од 1911 година снимена во Гери-Индијана, дедоми Петре Камчев Видов-Американецот (во средината), од левата страна Ѓорѓи Тренков од Крушево и Васил Димитриов од Бојанчиште. Последните двајца останале за секогаш во Америка, а дедоми Петре се врати на 27 април 1920 година. Со спечалените пари го направил првиот современ хотел “Југославија“ во Кавадарци, но со законот за национализација хотелот му е одземен во 1949 г., со образложение дека е предвоен капиталист. И покрај сите тие трауми Петре Американецот живееше 100 години.

Петре Камчевски-кустос историчар