Салата на ДТВ “Партизан“ ( во фаза на изградба), беше првата современа спортска сала изградена по војната во Македонија

Во неа работеа неколку спортски тренери и наставници по физичко воспитување како Димо Димовски, Наќо Тотовски, Живко Клинчаров, Димитар Пецов, Лазар Лалков, Драган од Индустриското училиште, Цандо, Мица и уште многу други, а во салата поминаа врвни спортисти, гимнастичари, каратисти ,ракометари, кошаркари, пингпонгари, атлетичари и многи многу рекреативци. Денес салата по повеќе од 60 години добива ново руво (се .реновира), за што голема благодарност заслужуваат градоначалникот и Советот на општина Кавадарци.

П.Камчевски

фотографијата е од 1956 година.