МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

На „Свети Труфун„православниот празник на Лозарите во Црквата Света Параскева Петка-беше одржана Света Архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Владиката Повардарски Агатангел.

Со оглед на големата трагедија која ја снајде Македонија, и 15 семејстава зави во црнина,по сообраќајната несреќа која се случи вчера попладне на патот Скопје - Гостивар, и прогласената дводневна жалост - денеска и утре 14 и 15/02/2019/ нема да се одражат сите закажани манифестации по повод празникот на лозарите. Единствено во Кавадарци се одржа Литуријата во Црквата Света Петка Параскева посветена на светителот Свети Трифун, а во Црквата Свети Димитрија која е во фаза на целосна реконструкција и изградба, во дворот беа закројани црковните лози.

Закројувањето го изврши, со пригодна молитва Владиката Повардарски Господин Агатангел во сослужение со свештеници на МП Црква-ОА од Кавадаречкото и Велешкото намесништво.Тој притоа им се обрати на верниците, и особено , во својата беседа, се задржа на оддалечувањето на луѓето, од бога.Тоа го илустрира со драстучното опаѓање на присуството на верници , токму на чинот на симболичното закројување и присуствито во црквиите на овој ден.

20190214_105138.jpg

20190214_110026.jpg

33333333333333333.jpg

111111111111111111110.jpg