МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Општина Кавадарци релизираше нов проект за подобрување на безбедноста во сообраќајот. На повеќе клучни сообраќајни точки се поставени 10 предупредувачки светлечки сообраќајни знаци. Знаците се донација од Ротари клуб Кавадарци, „Кожувчанка“ и „Вирлиос компани“.

Станува збор за најсовремена ЛЕД технологија заснована на софтверско решение изработено од информатичарите во фирмата донатор „Вирлос компани“, која комплетно ги изработи и куќиштата на знаците со електриката и електрониката во нив.

Знаците се програмирани да известуваат за брзината на возилата по градските улици почнувајќи од максималната дозволена од 40 километри на час. Новите знаци имаат предупредувачка и воедно образовна улога. За возачите кои ги почитуваат правилата ќе се појавува смајли иконичка со насмевка, а за оние што ја пречекоруваат дозволената брзина смајлито ќе биде намрштено и гневно во зависност од тоа колку е пречекорена дозволената брзина.

Од „Вирлиос компани“ велат дека оваа технологија која во Кавадарци се применува за прв пат, дава можност за нејзино користење во најразлични намени поврзани со предупредување и информирање на учесниците во сообраќајот и граѓаните.

52396267_2358423797715001_955444878341308416_n.jpg