Во сабогтата на 2 март во реонот на „ Зелен рид“ во Кавадарци кај Костурницата во Градски парк„Љупчо Шкартов“во Кавадарци, беше спроведена акција за пошумување на Локалниот клуб на СДММ.

Таа е во контекст на слични акции кои се организираат во во земјата со цел за здрава и чиста средина.

-„На овој начин ја подигаме еколошката свест кај младите а истовремено придонесуваме да се намали ерозијата на одредени локалитети„- вели Орданче Данев претседател на ЛК на СДММ Кавадарци и додава дека Зелен рид ке биде целосно опфатен за пошумување.

Тој упати благодарност до ЈП Македонски шуми –Подружница Бор Кавадарци кој помогнаа со својата стручност и садници за ова акција. Денеска беа засадени околу 200 багремови садници.Сите граѓани кои сакаат да засадат садници истата ке ги добијат бесплатно од Македонски шуми

Инаку СДММ планира да спроведе повеке вакви акции во земјата , а СДММ Кавадарци ке направи и една ваква акција во октомври годинава.

Денешната акција ја следеа и директрот на ЈП Македонски шуми Зоран Ѓорѓиев и раководителот на Подружницата„Бор “ во Кавадарци Блаже Бошески.

53195418_574857246315189_4674360195550281728_n.jpg

53121377_409478606524785_6612584751897247744_n.jpg

53279162_1976405899321668_7967225292550832128_n.jpg

52893683_2417706395149345_1190499569343922176_n.jpg

53745017_2796414613917465_7875337967651258368_n.jpg