Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци го посвети синоќешното гостување на претставата “Јас сум актер - човек“ во режија на Теа Беговска на Денот на Театарот кој е од исклучително значење за Театарот при Домот во годината во која се одбележуваат 90 години од првата официјална театарска претстава во Кавадарци.

„Ова 2019 година ќе биде година на Театарот во Кавадарци. Во моментот за сите љубители на театарската уметност се подготвуваат три премиери. Првата премиера е веќе на 17 април. Ја очекуваме Вашата подршка и се радуваме на Вашето присуство на нашите претстави.Тоа е и нашата порака по повод Светскиот ден на Театарот - Бидете со нас Се гледаме на следната претстава„

Oва денеска е напишано на својата ФБ страница од страна на Домот на Културата „Иван Мазов Климе.На сите членови на ансамблот на тетарот во Кавадарци им го честитаме овој ден и им благодариме за нивното залагање кавадарчани да ја почувствуваат театарската култура и атмосвера.

фото :Тони Коцев

55495119_459591954579174_6917062680092082176_n.jpg