-Полагање цвеќе на бистата на македонскиот иделог и стратег Гоце Делчев

-Обраќање на директорката Весна Ангеловска

-Мајкл Георгиевски и Бошко Бошков Ученици на генерацијата

-ООУ„Гоце Делчев„-меѓу најдобрите за освоени општински, регионални и државни и други награди

-Доделени награди за 10 и 20 години наставничка работа

Во пресрет на денот на убиството на наголемиот македонски идеолог и борец за македонска државност, Гоце Делчев, чие име го носи училиштето во Кавадарци , денеска беше одбележан патрониоот празник.Пред бистата на Гоце во дворот на основното општинско училиште делегации на основното училиште кое го носи неговото име,на Советот на општината на локалната власт, на ОК на ВМРО-ДПМНЕ положија свежи цвеќиња.

Потоа на присутните им се обрати директорката на училиштето Весна Ангеловска, која не потсети на 116 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

-„Почитувајќи го неговото име, заеднички ја почитуваме историјата. Името на Гоце со златни букви ке биде запишано во нашата историја.„- рече Ангеловска

-Ние ја развиваме наставата и инклузивниот наставен прицес во склад со времето и интерактивното образование, внимавајќи на моралните и интелектуални способности на учениците . Ќе развиваме квалитетен образовен процес во чекор со современите трендови„-додаде таа.

На денешната свеченост во ООУ„Гоце Делчев“ - Макл Георгиевски и Бошко Бошков беа прогласени за ученици на генерацијатра, а за 10 и 20 години поминати на работа во ова училиште неколу наставници добија јубилејни награди.За освоени први втори и трети награди на општински, регионални на државни па и на светски натпревари, беа доделени дипломи и награди на ученици и ментори. ООУ „Гоце Делчев“ поради ваквиот свој успешен настап спаѓа меѓу најуспешните кај нас.

Деветооделенците кои го завршуваат своето основно образование со пригодни дипломи се простија од наставничкиот колектив а по повод патрониот празник беше изведена и пригодна културно-забавна програма.