Во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци Иван Чемерски го помовиора прирачникот „За животот, љубовта и билките“.

За неговиот прирачник на промоцијата говореа Марјан Тодоровски а Александар Малинков низ разговор го провицираше Чемерски на јазик близок на посетителите, кои ги имаше во голем број,да одговара ,и преку рзговорот да не доближи до ова негово книжевно издание.

Чемерски воден од неговото лично успешно искуство во борбата против ракот на простатата, покрај со совети наведува рецепти со начинот на употреба на лековитите билки .

Во таа негова битка му помогнале членовите од неговото блиско семејство.

Иван Чемерски вели дека секој дом треба да има домашна билна аптека .Во сопствениот двор или во саксии да се има посадено од следниве билки:жалфија, рузмарин, здравец, чувар на куќа, глуварче, алое вера, босиек, коприва, маточина, тегавец, нане, магданос и целер. Препорачливо е секој во домот да се има масло од кантарион и ајдучка трева, тинктура од прополис, смеса за лекување на желудникот и цревата и комбуха.

Тој инаку ќе подготвува новата книга, која исто така ке биде посветена на канцерот и вечната борба која ја извојувале во своја корист многу пациенти од поранешна Југославија.

– За мојата идеја ,да ги ставам на хартија моите позитивни искуства во лекувањето со алтернативната медицина, ме потикнаа моите ќерки Цанка и Надица.Моја цел е со ова мала книга или прирачник е да помогнам на сите оние кои имаат здравствени проблеми, и оние кои изгубиле секаква надеж дека е можно да се најде лек во алтернативната медицина секако со применување на советите на лекарите затоа што медицинската наука е многу напредна и без неа не се може. Освен примената на медицината како превенција од многу болести со овој мој труд би сакал сите луѓе да ги приближам до природата со цел да се живее во хармонија со неа – рече на промоцијата авторот Иван Чемерски.

( на 6/5/2019/ ке биде поставено видео

59660481_4484.jpg59660704_235.jpg