МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Вистинско уживање,прекрасен концерт, професионалност каква ретко се слуша...Кoнцерт на Марија Димитриевиќ Quartet во Домот а културата -Кавадарци

Џезот кој синоќа се свиреше во големата сала на Домот на културата беше, топ.Вистински,добар,пријатен, жесток, тивок,мелодичен, ритмичен,импровизаторски- со еден збор професионално донесен пред публиката .А таа , иако не во голем број, беше, сосема доволно, и на витинското место,едниставно уживаше во музичката креација на Марија Димитријевиќ Quartet. Со неа професионално музицираа; Виктор Филиповски – тапани, Кирил Туфекџиевски – контрабас, Гордан Спасовски - пијано...

Доживувањето какво ретко се гледа и слуша, дури и не поимливо за град како Кавадарци,ставено во редовната програма на културни настани,едноставно не острави без збор.Такво нешто можеме да видиме и чуеме само во некој голем град или одбирајќи на YOU TUBE.Браво за потегот, што е ставено во програмата, и што ретките џезисти во Кавадарци , можеа да ја почувстуваат музиката која тие ја обожаваат.

Џезот е музика која не може лесно да се дефинира, јасно е дека импровизацијата е негов клучен елемент.

Додека во европската класична музика елементите на интерпретација, декорација и додавање понекогаш ги оставаат на дискрецијата на изведувачот, првичната цел на изведувачот е да ја отсвири композицијата онака како што била напишана. Додека, во џезот, вештиот изведувач ќе ја отсвири мелодијата на многу индивидуални начини и ќе се потруди никогаш да не ја отсвири истата композиција два пати на еден ист начин. Во зависност од расположението и од личното искуство на изведувачот, врската со другите музичари, или дури членовите на публиката, џез-музичарот може да ја промени мелодијата, хармонијата или времето.

Во Кавадарци Димитриевиќ и нејзината екипа, ни донесoa повеќе стилови на џез, од модерен до етномултикултурен.Ова музика се свири и пее од средината на 1850 година и секогаш имала поклоници без разлика што нејзинини први автори - робовите-црнци ,кои од Африка биле донесени во Западната цивилизација , каде и го пласирале својот фолклор мешајќи го со тамошната музика и модерните ритми кои се раѓале со времето.

Кавадарчани имаа убава можност да уживаат во џезот синоќа, благодарение на добриот избор на Домот на културата„Иван Мазов Климе„.