МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Некои наши фолклорни ансамбли сеуште се далеку од она што како музика и пеење го видовме и слушнавме на концертот на „Езерки - 7/8“ од Хрватска во Домот на културата Кавадарци

Тие се прекрасни.Македонската музика и фоклор им е во срцето и од срце ја пеат и свират. Ужување беше концертот кој го органзира Домот на културата во големата сала, која и покрај жанрот на изведбата беше полуполна што го оценуваме за добра работа, ако споредиме како изгледа на накои други слични настани и случувања.

Во напиоит град синоќа тие оддржа целовечерен концерт .Се рабори за групата “Езерки & 7/8“.А тие ,“Езерки & 7/8“, се етно состав кој работи во рамките на Хрватско -Македонското друштво во Загреб, Хрватска. Заедно се и работат веќе 24 години на иницијатива на Лена Ѓапиќ.Составот на ЕЗЕРКИ и 7/8 “ се граѓани на Република Хрватска, со постојано жместо на живеење во Загреб. Некои од нив се сепак родени македонци, а некои од нив со Македонија не ги врзува ништо освен малите/големи нешта кои го прават животот.Концертите на составот “Езерки & 7/8“ се влез во потполно друга димензија. Тие во Кавадарци исполнија колаж од најпознатите македонски песни и ора. Составот има богата дискографија и речиси 300 концерти оддржани низ балканските и европски земји.Супер се.