На денешната прес конференција подретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Трендафилов се осврна на погубните политики на СДСМ во земјоделието и инвестииите во државата.

„Почитувани,

СДСМ три години нема направено ништо за Кавадарци. Развиеноста на градот се должи на добрите економски политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото и инвестициите кои поради тоа дојдоа во градот.

СДСМ не донесе ниту една нова инвестиција, ниту креираше додадена вредност за економијата.

Земјоделието кое е клучна гранка за градот и околината е уништено. Откупната цена на грозјето е очајно ниска. Заев од тука од Тиквешијата пред тракторска приколка ветуваше сигурен откуп и високи откупни цени. Дојде на власт и веќе три години откупот стагнира, а цените никогаш не биле пониски.

Незнаејќи како да ја оправда катастрофата на земјоделски план, власта ги бележи земјоделците како партиски членови

Разместувањата на вработените од град во град е само уште еден доказ дека власта е во паника и со панични реакции врши освета врз луѓето кои не размислуват како нив.

Почитувани господа од власта, наместо во лов на вештерки насочете се овие неколку месеци што ви останаа како власт да направите нешто за граѓаните,за земјоделците и стопанството.

Наместо да се сликате по скапи ресторани и луксузни коктели можевте да ја подобрите сликата за земјоделието.

Поради вашите погубни политики младите секојдневно си заминуваат од државата.

Имавте шанса и ништо не направивте. Време е да си заминете. На 12 април ќе добиете црвен картон од граѓаните. Доаѓа време за обнова на Македонија.“