МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Општинска Организација на СДСМ Кавадарци денеска до јавноста упати соопштение како одговор на вчерашнот прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

„Почитувани граѓани,

Господа од ДПМНЕ,

Смешно е да држите прес конференција преку која се обидувате да ги лажете граѓаните дека Владата на Социјалдемократскиот сојуз во изминативе три години нема ништо направено за Општина Кавадарци.

Смешно е кога заменик – градоначалникот, господинот Никола Трендафилов, преку прес конференција се обидува да манипулира со граѓаните, а притоа нема елементарно познавање за реализираните проекти од страна на Општина Кавадарци со подршка на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Господине Трендафилов,

- самиот градоначалник во неколку наврати, во неколку интервјуа ја потенцира добрата соработка со Владата предводена од господинот Зоран Заев. Самиот градоначалник господинот Митко Јанчев во многу наврати упатува благодарност до Владата предводена од премиерот Зоран Заев заради големата подршка во реализирањето на голем број значајни инфраструктурни објекти, кои се од витално значење за подобро живеење на граѓаните на општина Кавадарци.

Господине Трендафилов,

Да ве потсетиме,

Владата предводена од Социјалдеморкатскиот Сојуз, во изминативе три години во соработка со Локалната Самоуправа на Општина Кавадарци, ги реализира следниве позначајни инфраструктурни проекти:

- Изградба на мост во с. Ваташа

- Коплетна реконструкција и проширување на влезот на Општина Кавадарци со Општина Росоман,

- Целосно асвалтирање на патниот правец Општина Кавадарци - Општина Росоман,

- Целосно завршување на техничката документација за изградба на обиколница која ќе чини 8 милиони евра,

- Комплетно асвалтирање на најзначајните улици и булевари во Општина Кавадарци,

- Опремување на неколку детски градинки, како и започнување на изградба на комплетно нова детска градинка

- Отпочнување на проект за отварање на граничен премин со Република Грција.

Почитуван господине заменик-градоначалник, што се однесува до земјоделието, кажете им на јавноста, кажете им на лозарите, Дали вие Никола Трендафилов, заедно со градоначалникот Митко Јанчев, пратениците Бетијане Китев и Панчо Минов, градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, бевте во тимот кој што имаше средба со премиерот Зоран Заев за овозможување на додатна мерка за Лозарите во Владата на Република Северна Македонија?

Затоа господине Трендафилов, да ве замолиме во иднина подобро да се информирате и да престанете да манипулирате со граѓаните.

Почитувани сограѓани,

Ветивме, подобрување на патната инфраструктура, и веќе со полна пареа секојдневно работиме кон подобрување, изградба и развој на патната инфраструктура која што претставува исклучително важен сегмент од економскиот развој на Република Северна Македонија.

Тоа што го ветивме, тоа и го остваруваме.

“На Прав Пат“

Со Почит,

Општинаска Организација на Социјалдемократски Сојуз, Кавадарци