МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Изложбата се состои од 16 фотографии направени во необична техника, гумитипија.

-Станува збор за една од најстарите фотографски техники. Експериментална и аналогна техника. Процесот е многу бавен, се е рачна изработка. Се работи за хартија што не е фотографска, значи не е фотосензитивна. Се нанесува емулзија која е првенствено заштита на хартијата. Емулзијата се суши и потоа се нанесува друга емулзија, која е фотосензитивна, осетлива на светлина, појасни авторката .

Taa е родена во 1986 година во Скопје. Завршила уметничка и приложна фотографија на Националната Академија за театарска и филмска уметност Крсто Сарафов во Софија, Бугарија.

Jaна вели дека се се работи во апсолутна темница, со можна пригушена светлина. Таа информираше дека процесот е долг, едно развивање е триесетина минути.

-Наликува на акварел, тоа е првичното нешто што многу ме привлече мене како фотограф, тоа што самиот финален продукт не наликува на класична фотографија. Затоа што се работи со пигмент. Во самиот хемиски процес се користат хемикалии кои прават хемиска реакција и се зацртува сликата, но се користи и пигмент, за да се добијат различни бои, рече Луловска.

Изложбата е организирана од Домот на културата и со поддршка на Министерството за култура и Младинскиот културен центар од Скопје, е во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен”.