Реакција на прес конференцијата на СДСМ Кавадарци

(интегрален текс)

„Срамно е СДСМ и Дарко Каевски да зборуваат дека водат грижа за спортот во Република Македонија.Поминаа две и пол години од управувањето на Каевски со Агенцијата за млади и спорт, а ниту младите ниту пак спортистите имаат некаква придобивка од тоа.Единствено нешто од Каевски е што на дело уште еднаш ја покажа својата неспособноста, неработата и катастрофалното работење.Тоа што Каевски дошол во Кавадарци, за да се фали дека ќе се реконструирал Градскиот стадион е само гол популизам од страна на СДСМ и обид за поткуп на гласачите во пресрет на предвремените парламентарни избори.Па оттаму Каевски да одговори зошто му беа потребни дури две и пол години од неговото директорување во Агенцијата за млади и спорт да се сети на Градскиот стадион Тиквеш во Кавадарци?Каевски и СДСМ свесно ги навредија граѓаните и ја потценија нивната интелигенција.СДСМ не води грижа ниту за младите, ниту за спортот. Затоа на 12 април доаѓа Обнова на Македонија и вистинска грижа за спортот и спортистите во Република Македонија.„ се вели во рекцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци.